Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страната на Кораб Трница www.korabtrnica.mk

Со Политиката на приватност за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ТРНИЦА ДОО с.Трница (понатаму: “Кораб Трница”) ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страната www.korabtrnica.mk (понатаму: ”интернет страна”).
Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет страната, Кораб Трница ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги, како што се aнкети, наградни игри и слично.
Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на корисничко име, објавување на мислење, пополнување на анкета или учество во наградни игри и слични активности спонзорирани од нас може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност,

Обработката на Вашите лични податоци Кораб Трница ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Вработените во фирмата се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.
Кораб Трница применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, само согласно со законски предвидена постапка.

Дополнителни информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.
При посетата на интернет страната од корисниците, Кораб Трница може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

[….]

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Не ја исклучуваме можноста од повремено менување и дополнување на Политиката за заштита на лични податоци во однос на воведување на наши нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.

Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страната www.korabtrnica.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, Ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.