Почетна 2017-11-21T11:24:24+00:00

Производи

Продавници

Ресторан

Комплекс Трница

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ!

Брендот „Кораб Трница“ потекнува од далечната 1945 година. Од почетокот на своето постоење, главната дејност била одгледувањето овци, а со тоа и производство и самостојна продажба преку сопствени продавници  на млечни производи и на месо. „Кораб Трница“ како бренд станува познат по надалеку познатите традиционални производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело млеко“. Со текот на годините претпријатието бележи континуиран раст и проширување на своите дејности. Оттаму, во 1974 година е изграден и почнува со работа ресторанот „Кораб Трница“, а потоа е дополнет и со сместувачки комплекс. Како посебно обележје на ресторанот станува качамакот, кој се служи со кисело млеко, со „кораб кашкавал“ или со „трничко сирење“, кои традиционално биле произведувани во мандра, а потоа чувани во пештери на планината Кораб.

Во 2015 година почнува циклусот на инвестиции со кои се враќа сјајот на брендот „Кораб Трница“. Денес, освен што е задржан традиционалниот дух, направено е модернизирање и проширување на дејностите на претрпијатието. Концептот на „Кораб Трница“ може да се нарече „од природа до трпеза“. Ваквиот концепт подразбира производство на природни производи и нивна продажба преку сопствени канали. За таа цел претпријатието располага со сопствени фарми за високомлечни шталски овци и кози, од чие млеко континуирано во текот на целата година во сопствена мандра се произведуваат традиционални и природни млечни производи, кои се карактеризираат со висок и со постојан квалитет. Познати  освен по млекото, шталските овци и кози се одликуваат и со висок квалитет на месо. Претпријатето поседува и сопствена фарма за говеда, чија одлика е, исто така, високиот квалитет на месо. Говедата во топлите делови од годината се носат на пасишта на планината Кораб, каде што има сочна и висококвалитетна трева. За производство на месо претпријатието располага со сопствена кланица, во која се застапени сите високи критериуми и стандарди за производство. Со желба да бидеме што поблиску до природата, обезбедивме и сопствен пчеларник, кој дава 100% природен мед. Под брендот „Кораб Трница“ се произведуваат и се продаваат широка палета природни производи како што се овчи и козји млечни производи, телешко, јагнешко, јунешко и јарешко свежо месо, природен мед, а наскоро ќе има и тестенини, печурки и шумски плодови. Продажбата на производите се врши преку сопствени канали како што е ресторанот во „Трница“, како и во сопствени продавници, од кои моментално две се наоѓаат во Скопје, а една е во рамките на комлексот во Трница.

МИСИЈА

Задоволување на потребите на потрошувачите преку целокупен концепт на производство и продажба на природни прехранбени производи.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да станеме најголем производител на природни производи со премиум квалитет на територијата на Република Македонија.