Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.
Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во сместувачки капацитети кои се состојат од апартмани, соби и планински куќички со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Исто така, располага со рецепција, лоби и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед, вино… Сите соби располагаат со сопствен тоалет. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.
Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.
За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.
Резервација онлајн
Amenities
- ТВ уред
- Фрижидер со мини бар
- Телефон
- Фен
- Пешкири
- Шампони
- Парно греење