Комплекс Трница

Комплекс Трница 2017-11-16T11:08:22+00:00

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во два објекта за престој, од кој едниот се состои од 6 апартмани и 4 соби со сопствена бања, ТВ со голем избор на канали и, најбитно, со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Исто така, во овој сместувачки простор има рецепција, лоби со внатрешен базен и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед, шумски плодови, вино, тестенини,  чај и друго. Другиот објект е нова градба и располага со 4 спални соби и 2 групни соби, лоби простор со заеднички тоалети и големи балкони, погоден за престој за организирани посети. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.

Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.

Резервација онлајн



Amenities

  • ТВ уред
  • Фрижидер со мини бар
  • Телефон
  • Фен
  • Пешкири
  • Шампони
  • Парно греење

Комплексот овозможува разни активности како што се: лов и риболов, рафтинг, планинарење, кампување,  велосипедизам и, на што сме посебно горди, овозможуваме тура јавање на коњи, која вклучува јавање до Галичник или до бачилата на Кораб, пикник со ланч-пакет и враќање на почетното место.